Elvır Hodzıc
27 Јануари 2024•Ажурирај: 28 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Вселенската агенција на Туркије објави дека турскиот астронаут Алпер Гезеравџи посветено работи на 13 научни проекти поради кои отпатува во вселената и во моментов работи на проектот CRISPR-Gem, известува Анадолу.
„Овој експеримент има за цел зголемување на здравјето и продуктивноста на растенијата со користење на CRISPR технологијата, револуција во методите на генетскиот инженеринг“, се наведува соопштението на Агенцијата на социјалната мрежа Х.
CRISPR е техника која овозможува промена на генот. Во проектот за првпат ќе се истражи колку CRISPR техниката е ефикасна во вселената со тестирање на генетска измена во растенијата во вселенски и земјини услови.
Добиените резултати ќе дадат важни информации за тоа како растенијата што се одгледуваат во вселената да се направат поздрави и попродуктивни и на тој начин да се даде значаен придонес за истражувањето на вселената.

Гезеравџи на својот профил на социјалната мрежа Х објави фотографии од Меѓународната станица.
„Прекрасно е чувството да ја гледаш Земјата од опсерваторијата „Cupola“ со седум прозорци на Меѓународната вселенска станица!“, објави Гезеравџи на социјалната мрежа Х.