Esin Eşkinat Sayılgan
09 Октомври 2021•Ажурирај: 10 Октомври 2021
ЊУЈОРК
Социјалната мрежа Фејсбук објави дека настанал проблем во пристапот до услугите, известува Агенција Анадолија (АА).
„Свесни сме дека некои имаат проблем со пристапот до нашите апликации и услуги. Работиме за да вратиме сѐ во нормала што е можно поскоро и се извинуваме поради настанатите проблеми“, објави компанијата на Твитер.
Социјалните мрежи Фејсбук, Ватсап и Инстаграм (Facebook, Whatsapp и Instagram) имаа проблеми со пристапот низ целиот свет на 4 октомври околу 6 часа, а компанијата објави дека проблемот се должи на погрешната конфигурација на главните рутери.