Oktay Özdemir
27 Февруари 2024•Ажурирај: 28 Февруари 2024
МАДРИД (АА) - Компанијата Хуавеи објави дека продолжува да спроведува бројни активности на полето на вештачката интелигенција, пренесува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека Хуавеи претставил многу иновативни содржини и решенија на Светскиот конгрес на мобилни уреди 2024 (MWC 2024), што започна вчера во Барселона.
Во наредниот период компанијата има за цел да промовира паметна дигитална трансформација во сите сектори, да креира напреден индустриски екосистем, да го забрза позитивниот бизнис-циклус на 5Г и да се подготви за претстојната ера на 5.5Г.
Компанијата пред присутните на Конгресот презентираше бројни идеи и решенија за целосно поврзан и паметен дигитален свет и претстави производи и решенија специфични за 5.5Г, Ф5.5Г и Нет5.5Г.
Се наведува дека до крајот на минатата година низ светот се распоредени повеќе од 300 комерцијални 5Г-мрежи, а на ова подрачје опслужени се над 1,6 милијарди корисници.