Adem Şalvarcıoğlu
25 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
АНКАРА (АА) - Јапонија започна со работите за проектот за летечко возило кое го планира да го произведе во 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, 20 компании меѓу кои „Убер“ („Uber“), Јапонската авиокомпанија, „Ербас“(„Airbus“), „Боинг“ („Boeing“), NEC, „Тојота“ („Toyota“), ANA и „Јамато“ („Yamato“), ќе подготват мапа на патот за проектот на Јапонија за летечки проекти.
Се вели дека Министерството за економија, трговија и индустрија на Јапонија одвои буџет од 40,4 милиони долари за приватниот сектор за наредната година за производство на акумулатори, мотори и друга опрема за проектот за летечки возила.
Во рамки на проектот, се планира летечкото возило во 2020 година да се пушти на пазарот.