образование

Меѓународниот балкански универзитет во Скопје е една од најпочитуваните високообразовни институции во регионот

- Благодарение на меѓународниот академски кадар, модерниот кампус и стотиците соработки со водечки светски универзитети и институции, ИБУ на своите студенти им нуди образование со меѓународна важност.

Dzihat Aliju  | 15.03.2025 - Обновена : 15.03.2025
Меѓународниот балкански универзитет во Скопје е една од најпочитуваните високообразовни институции во регионот

СКОПЈЕ

Основан во 2006 година во Скопје под раководство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, како и со поддршка на филантропи, Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) стана една од најпочитуваните високообразовни институции во регионот со квалитетно образование што го обезбедува веќе 18 години, известува Анадолу.

Благодарение на меѓународниот академски кадар, модерниот кампус и стотиците соработки со водечки светски универзитети и институции, ИБУ на своите студенти им нуди образование со меѓународна важност.

Признаен од Советот за високо образование (YÖK) на Туркије и вклучен во Водичот на Центарот за оценување, селекција и поставување (ÖSYM) на Туркије, ИБУ го прави сигурна академска адреса за студентите од Туркије.

ИБУ, со осум факултети и едно стручно училиште, обезбедува образование на 26 додипломски, 20 постдипломски и седум докторски програми. Универзитетот, кој има 100% англиски образовен систем, има академска опрема со која на своите студенти им дава конкурентна предност на глобалниот пазар на труд.

Со 3.800 активни студенти, ИБУ има цел на своите студенти да им помогне кога ќе дипломираат да постигнат успех во меѓународни компании и во академските кариери.


- Можности за образование и кариера во Европа

ИБУ е познат како еден од универзитетите со најактивна студентска мобилност во рамките на програмата Еразмус+ во Европа. Обезбедувајќи за повеќе од 100 студенти можност да студираат во странство секоја година, ИБУ ги зближува своите студенти со глобалниот академски и професионален свет.

Универзитетот, кој нуди меѓународна образовна средина со студентско тело од повеќе од 20 земји, на своите дипломци им обезбедува можност да воспостават конекции на глобално ниво и да стекнат можности за кариера.

Покрај тоа, ИБУ е вклучен и во базата на податоци Anabin, официјален германски систем за академска акредитираност и прифаќање, што за неговите студенти претставува важен фактор во проширувањето на можностите за образование и кариера во Европа.

Anabin се смета за еден од најсигурните извори за акредитираност и прифаќање на странските академски дипломи. Тоа што ИБУ се наоѓа на оваа платформа обезбедува значителна предност во образованието и апликациите за работа, гарантирајќи дека дипломите на неговите дипломци се официјално признати во Германија.

ИБУ како универзитет го привлекува вниманието со своето образование според меѓународни стандарди, модерна инфраструктура и глобална визија.


- ИБУ нуди иновативни центри за студентите

ИБУ на своите студенти им нуди најсовремени образовни стандарди со својот модерен кампус од 50.000 квадратни метри во Скопје. Образовните области фокусирани на технологија и иновации на студентите им создаваат динамична средина за учење, а иновативните центри, како што е Центарот за иновации InnoX, го зајакнува нивниот напредок во технологијата.

Универзитетот ја покажува својата моќ во применетото образование со капацитети, како што се „Balkan Laboratories“ и „Balkan Dental Clinic“. Нудејќи им на своите студенти можност кариерата да ја продолжат во медиумите и комуникацијата, ИБУ се истакнува и како единствен приватен универзитет со телевизиско студио во Северна Македонија.

Универзитетот ИБУ го поддржува академскиот развој на студентите овозможувајќи им можности за научни истражувања и практично искуство преку центрите, како што се „Lifelong Learning Center“ и „Balkan Research Center“. Освен тоа, „Balkan Dental Clinic“ и „Legal Clinic“ им обезбедуваат на студентите практично искуство служејќи ѝ на заедницата.

Центрите, како што се „BIT Loft“ и „INNOX Innovation Center“, го поддржуваат регионалниот развој во областа на дигиталната трансформација и претприемаштвото. Современите образовни методи и ресурси на „Teaching and Learning Center“ и „IBU HalkBank Library“ го надградуваат знаењето на студентите, што на глобално ниво ИБУ го прави образовен и истражувачки центар.


- ИБУ се издвојува како еден од најпрестижните универзитети во регионот

Со повеќе од 1.800 студенти што ги завршија студиите на ИБУ до денес, Универзитетот обезбеди повеќето нејзини дипломирани студенти да бидат вработени во престижни организации во Европа, Туркије и на Балканот.

Поголем број студенти турски државјани што дипломирале на ИБУ добиле еквивалентност и изградиле успешни кариери во своите области.

ИБУ продолжува да ги обучува идните лидери исполнувајќи ја својата мисија да биде мост меѓу Туркије и балканските народи. Со својата меѓународна визија, академски квалитет и модерен кампус Универзитетот ИБУ се издвојува како еден од најпрестижните универзитети во регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.