Yıldız Aktaş
09 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили во рамки на операцијата „Извор на мирот“ започнаа копнена операција во источниот дел на Еуфрат, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Турските вооружени сили и Националната војска на Сирија во рамки на операцијата „Извор на Мирот“ започнаа копнена операција во источниот дел на Еуфрат“, се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција објавено на Твитер.
Вооружените сили на Турција и Сириската национална војска, во среда, на 9 октомври, ја покренаа операцијата „Извор на мирот" чија цел е воспоставување на мирот и безбедноста во регионот и уништување на терористичкиот коридор кој терористите намеруват да го воспостават јужно од границата со Турција.
Министерството за одбрана на Турција соопшти дека терористите се единствена цел во рамките на операцијата „Извор на мирот".
Се наведува дека операцијата се спроведува во согласност со нормите на меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации кои се однесуваат на борбата против тероризмот.