Islam Uddin
09 Март 2024•Ажурирај: 10 Март 2024
ИСЛАМАБАД (АА) - Пакистанските претставници на власта денес го избраа Асиф Али Зардари, копретседавачот на Пакистанската народна партија за 14 претседател на земјата, пренесува Анадолу.
Зардари (68) го победи Махмуд Кан Ачакзаи, искусен политичар од југозападната провинција Белуџистан и кандидат на опозицискиот Сунитски совет Итехад, ново седиште на пакистанската партија Движење за правда на затворениот поранешен премиер Имран Кан.
Некои мали политички партии, вклучително и Џамијат Улема-е-Ислам Фазал (ЈУИ-Ф) и Џемаат-е-Ислами, ги бојкотираа изборите и ниту еден пратеник од овие партии не гласаше.
Гласањето во Националното собрание и покраинските собранија траеше од 10 до 16 часот по локално време.
Зардари е 68-годишен вдовец на поранешната премиерка Беназир Буто, а претходно беше претседател на Пакистан во периодот од 2008 до 2013 година.
Тој беше првиот демократски избран претседател кој го заврши својот мандат во 75-годишната историја на оваа јужноазиската муслиманска земја.
Според Уставот, Пакистан е република и исламска држава со полупретседателски систем на управување. Претседателот на републиката се избира со мандат од пет години од сојузниот парламент и покраинските собранија. Кандидатот мора да биде муслиман и над 45 години.