?????
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
АМСТЕРДАМ (АА) - Министрите за внатрешни работи и правосудство на Европската унија започнаа итни разговори со цел решавање на прашањето за мигрантската криза поради несогласувањето на земјите за контролата на границите, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој состанок уследи неколку дена откако претседателот на ЕУ, Доналд Туск, предупреди дека зоната на безгранична контрола, позната како Шенген, ќе се распадне доколку не се усвои нова стратегија за мигрантите во следните неколку месеци.
Министрите ќе побараат да се сопре протекот на бегалците низ Грција. Таа земја, како што рече министерот за внатрешни работи на Белгија Јан Јамбон, „треба да го направи она што треба да го направи, а тоа е контролата”.
Според податоците, во земјите на ЕУ влегуваат најмалку 2.000 бегалци дневно.