Tayfun Salcı
31 Август 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, во главниот град на Јапонија, Токио се состана со премиерот Шинзо Абе, а за време на состанокот е порачано дека двете земји ќе ја зајакнуваат соработката на повеќе нивоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Владата на Велика Британија се наведува дека премиерката Меј присуствувала на состанокот на Националниот совет за безбедност на оваа земја, а во таа пригода истакнала оти соработката на двете земји во областите одбрана и безбедност ќе биде продолжена.
Меј нагласи дека нејзината земја и Јапонија имаат голем број заеднички приоритети, но исто така и прашања.
Во соопштението се истакнува дека Велика Британија и Јапонија одлучиле да ја продлабочат соработката на полето на кибер-безбедноста, борбата против тероризмот и во областа на одбраната. Исто така, порачано е дека соработката ќе биде посилна и во областа на надворешнополитичките цели.
Во рамките на посетата на Јапонија, во главниот град Токио, Меј се состана и со колегата Шинзо Абе. По билатералниот состанок, потпишани се и декларациите за безбедност и просперитетна соработка, како и документ за заедничка визија.
По состанокот на Абе и Меј, објавена е и заедничка изјава во врска со Северна Кореја.
Во изјавата се осудува тестирањето на балистичките ракети од страна на Северна Кореја, извршено на 29. август, и се порачува дека ова тестирање за Јапонија претставува досега невидена, навистина сериозна закана.
Исто така, порачано е дека двете земји ќе продолжат да вложуваат напори за јакнење на притисокот кон Северна Кореја на меѓународен план.