Ahmet Furkan Mercan
01 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Ноември 2021
ТОКИО
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени ја потресе јапонската префектура Ибараки, сместана во источниот дел на земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија на Јапонија објави дека североисточно од главниот град Токио, земјотрес со интензитет од 5,2 степени се почувствувал во префектурата Ибараки, во 06:14 часот по локално време.
Земјотресот бил на длабочина од 60 километри, а го почувствувале и жителите на Токио и соседните префектури.
Од друга страна, друг земјотрес со интензитет од 5,1 степен го потресе подрачјето Кансаи во префектурата Вакајама, во 05:35 часот по локално време.
Јапонската Агенција за метеорологија соопшти дека не постои ризик од појава на цунами.