Merve Aydoğan
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонскиот премиер Шинзо Абе телефонски му честиташе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговата победа на претседателските и парламентарните избори кои беа одржани во неделата, се вели од претседателската прес-служба на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ердоган и Абе ја потврдија својата посветеност за понатамошно унапредување на билатералните односи во иднина“, велат изворите.
Во врска со забрзувањето на изградбата на нуклеарна централа во турската северна област Синоп, двајцата лидери се согласија да се состанат на Самитот Г-20, кој ќе се одржи кон крајот на 2018 година во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
Потсетувајќи дека Јапонија претседава со Самитот на Г20 во 2019 година, Абе изрази благодарност што повторно ќе го види Ердоган во Јапонија.
Ердоган на претседателските избори освои апсолутно мнозинство со 52,59 отсто од гласовите, додека неговиот главен ривал Мухарем Инџе освои 30,64 проценти.