свет, политика

Нетанјаху му ветил на Бајден дека ќе ја повлече војската на километар од коридорот Филаделфија

- Ветувањето е дел од тековните разговори меѓу Израел и САД во врска со воената офанзива во Појасот Газа и пошироките импликации за регионалната безбедност, објави израелскиот Канал 12

Ikrame Imane Kouachi  | 24.08.2024 - Обновена : 24.08.2024
Нетанјаху му ветил на Бајден дека ќе ја повлече војската на километар од коридорот Филаделфија

АНКАРА (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му вети на американскиот претседател Џо Бајден дека израелската армија ќе се повлече на километар од 14-километарскиот коридор Филаделфија, кој се протега долж границата на Појасот Газа со Египет, оставајќи притоа минимален број на воени локации во областа, пренесува Анадолу.

Ветувањето е дел од тековните разговори меѓу Израел и САД во врска со воената офанзива во Појасот Газа и пошироките импликации за регионалната безбедност, објави израелскиот Канал 12.

Во веста не е прецизирано кога ќе се случи повлекувањето, ниту колку воени локации ќе останат.

Контролата над коридорот Филаделфија, демилитаризирана тампон зона долга 14 километри долж границата меѓу Појасот Газа и Египет, е една од главните пречки во преговорите меѓу Израел и Хамас.

Ветувањето на Нетанјаху сѐ уште не е потврдено ниту од израелската влада, ниту од американската администрација.

САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор меѓу Израел и Хамас со кој ќе се обезбеди размена на затвореници и заробеници и прекин на огнот, со овозможување влез за хуманитарна помош во Појасот Газа. Но, напорите за посредување заглавија поради одбивањето на Нетанјаху да ги исполни барањата на Хамас за прекин на војната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.