Admir Fazlagic
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во рамките на спроведувањето на мерките за градење доверба, вчера во Солун се одржаа политички консултации меѓу Република Македонија и Република Грција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Македонија (МНР), консултациите ги водеа државниот секретар во МНР на Република Македонија, Елена Кузмановска и политичкиот директор во Министерството за надворешни работи на Република Грција, амбасадорот Петрос Мавридис.
„За време на состанокот, двете страни разменија мислења за состојбите во регионот, како и за напредокот во спроведувањето на мерките за градење доверба“, соопшти МНР.
Во соопштението се наведува дека консултациите се оддржаа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што е договорено следната рунда политички консултации да се одржат до крајот на годинава, во Скопје.