Stipe Mayiç
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ЗАГРЕБ (AA) - Премиерот на Хрватска Тихомир Орешковиќ се обрати денес во хрватскиот Сабор воочи изгласувањето на недоверба на него и Владата на предлог на ХДЗ. Орешковиќ ги одби сите обвиненија на ХДЗ, односно нивните причини за отповикување нарекувајќи ги тешки и лажни. Порача дека оваа влада ќе падне поради личните интереси на поединците во случајот ИНА-МОЛ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вистинската приказна за уривање на Владата е што поради заштита на националните интереси почнав да работам на решавањето на спорот ИНА-МОЛ низ продолжување на арбитражата и почеток на новите преговори, што на некои не им одговараше. Ќе остане забележано дека оваа Влада падна поради личните интереси на поединците. Се обидов тоа да го спречам и тоа е мојата единствена вина", рече Орешковиќ и додаде:
„Обвинението дека сакам да воведам канцелариска диктатура е толку апсурдна што нема да ја коментирам. Не ги злоупотребив и политизирав тајните служби. Проблем е во тоа што не им подлегнав на притисоците, на челно место во СОА- да поставал лица кои не ги задоволуваа критериумите. Одлуката ја донесов заедно со претседателката и работата на Маркиќ покажа дека не згрешив", рече Орешковиќ.
Додаде дека сите некови контакти со безбедносните служби останаа во рамките на Уставот на Република Хрватска.
„Поради сето тоа наведено, станав пречка. Не е тајна дека моите ставови околу ИНА, ЛНГ и енергетскиот сектор битно се разликуваат од ставовите на некои членови на Владата и цврсто ги бранев. Длабоко свесен за важноста која ИНА и енергетскиот сектор имаат за хрватската економија", рече хрватскиот премиер.
Тој рече дека бараше оставка бараше оставка од Томислав Карамарко бидејќи неизвесноста која произлегуваше од судирот на интереси стана преголем терет за оваа Влада, што на крајот го утврди и Комисијата за одлучување за судир на интереси.
„Кога станува збор за отсутност на желба за соработка со оние кои ми ја дадоа довербата, тоа не е точно. Карамарко моите повици на разговор во последните два месеци ги игнорираше и потполно го игнорираше интересот за раст на стопанството и реформите", изјави Орешковиќ.
Порача дека од првиот ден во фокусот му беа еконосмкиот раст и финансиската стабилност.
„Можам да кажам дека дадов се од себе. Благодарам за поддршката од Мост и Домољубната коалиција. На вас сега останува одлуката дали ќе ја срушите владата. Денес се пишува историјата", порача Орешковиќ.
По завршување на расправата се очекува парламентарното мнозинство да изгласа недоверба на Орешковиќ и министрите.