Besar Ademi
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) – Денеска во текот на утринските часови Студентскиот пленум го блокираше главниот влез на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, бојкотираќи го изборот на новиот ректор на Универзитетот закажан за денес во 10:00 часот, јавува Anadolu Agency (АА).
Студентите кои го попречиjа влезот на професорите и вработените во Ректоратот велат дека нема да се повлечат додека не се слушне нивниот глас. Според нив, ова е единствениот начин да се спречи, како што велат тие, нелегалниот и нелегитимниот избор на новиот ректор.
За денеска беше закажан изборот на новиот ректор на универзитетот, додека право на гласање треба да имаат 10 претставници од Студентскиот парламент на УКИМ, за кои Пленумот тврди дека се нелегитимни.
По неколкучасовна блокада на Ректоратот, ректорот го прифати учеството на четворица членови од Студентскиот пленум на седницата со цел да се преговора за избор на новиот ректор.