Ivana Ramadanova
21 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во кумановското село Ваксинце завчера околу 13 часот полициските службеници забележале патничко возило „Ауди А6“ до кое стоеле тројца мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Министерството за внатрешни работи, во моментот кога М. С. (21) од село Ваксинце од багажникот на возилото им подавал патни торби, мигрантите ги забележале полициските службеници, се обиделе да избегаат, по што влегле во куќата на М.С.
Од страна на полициски службеници бил извршен преглед на просторијата која претходно била отворена, каде биле затекнати 14 мигранти. М.С. е приведен во СВР-Куманово, а се преземаат мерки за целосно документирање на случајот.