Cuneyt Davut
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
СКОПЛЈЕ (АА) - Претседателот на Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) и пратеникот во Собранието на Република Македонија Кенан Хасип соопшти дека поднесува оставка од функцијата претседател на партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од партијата се истакнува дека на денешниот состанок на Централното собрание на ДПТМ Хасип поднел оставка од функцијата претседател на партијата.
Во соопштението се истакнува дека оставката Хасип ја поднесува поради здраствени проблеми и дека на 18 декември на Вонредниот конгрес на ДПТМ, кој ќе се одржи во Скопје, ќе се избира нов претседател на партијата.
Во соопштението е наведено дека до конгресот функцијата претседател на партијата ќе ја извршува Ѓонул Бајрактар. Во него се додава дека во периодот во периодот од 1994-1998 година Хасип бил првиот пратеник во Собранието на Република Македонија со турско потекло.
„Сакам да соопштам дека како пратеник од 2002 година и претседател на првата турска партија и претседател на Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ), една од најважните партии во земјата, одлучив да му ставам крај на политичкиот живот“, се вели во соопштението на Хасип.