Admir Fazlagic
04 Февруари 2020•Ажурирај: 05 Февруари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со највисоки државни и воени почести, денеска беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски, по тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Дуда, делегациите на двете држави одржаа пленарен состанок на кој се потврдија искрените пријателски односи и политичкиот дијалог.
„Полска е постојан поддржувач на нашите евроатлантски интеграции и за време на посетата на претседателот Пендаровски се очекува да биде реафирмирана поддршката за Северна Македонија да отпочне претпристапни преговори за ЕУ“, се вели во соопштението.
Претседателот Пендаровски ќе оствари билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.
„Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Република Полска“, се додава во соопштението.