Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Октомври 2016•Ажурирај: 13 Октомври 2016
ВАРШАВА (АА) - Заменик-министерот за одбрана на Полска, Бартош Ковнацки, упати остри критики до Франција по непостигнувањето на договорот за одбрана меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ковнацки во разговорот објавен на телевизискиот канал „ТВН24“, за Французите изјави дека се луѓе што пред неколку стотици години од нив научиле јадењето да го јадат со виљушка“.
Ковнацки изјави дека се невистинити наводните шпекулации дека меѓу Франција и Полска постои дипломатска војна, и истакна дека е потребно Франција во периодот што престои да го покаже својот вистински идентитет.
Неодамна не беше реализиран милионскиот договор на одбраната на Полска за купување 50 воени хеликоптери од француската фирма „Ербас“.
Полските власти го бранат ставот дека договорот не е од интерес на државата, а Франција ја обвини Полска за малициозен акт.