Amina Zorniç
03 Декември 2016•Ажурирај: 04 Декември 2016
САРАЕВО (AA) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најверојатно ќе биде сменет или самиот ќе поднесе оставка, рече за Anadolu Agency АЛах Лихтман, американски политички историчар, професор на Американскиот универзитет во Вашингтон и редовен политички аналитичар на Си-Ен-Ен.
Во американската и светската јавност Лихтман е познат по методите со кои точно го предвиде исходот на сите претседателски избори во Америка од 1984 година.
Станува збор за моделот кој го нарекува „Кејс" (Клучеви) со помош на кој ги предвиде победниците на претседателските избори во Америка од 1984 до 2012 година, вклучувајќи ги и овие годинава, кои се одржаа на 8 ноември.
Во разговор за АА Лихтман тврди дека кодот на „предвидување" се основа на 13 клучеви, односно показатели на основа на учинокот на партијата која моментално ја „држи" Белата куќа.
Доколку на шест прашања биде негативен одговор, владејачката партија ќе загуби во трката за претседател. Прашањата се однесуваат на успеси во економија, социјална состојба, надворешна политика, скандали и други прашања.
„Ги предвидов резултатите користејќи го системот кој го развив 1981 година, а кој се основа на тезата дека претседателските избори се пресуда на силата на партијата која моментално е во Белата куќа. Системот исправно ги предвиде сите изботи од 1984 година. Ја истражував „ранливоста" на партијата, односно овој пат на демократите. Тоа вклучува губитоци во 2014 година во Америка, недостаток на политика во вториот мандат на Обама, како и лошата надворешна политика. При тоа не се водев според резултатите на анкетите", рече Лихтман.
Летото оваа година Лихтман повеќе пати во медиумите изјави дека Демократската партија, партијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама, ќе ја загуби трката за Белата куќа.
При тоа тврдење остана и откако анкетите покажаа блага предност на демократската кандидатка Хилари Клинтон која имаше поголема поддршка од републиканецот Доналд Трамп, кој на крајот ја однесе победата.
Иако моменталните показатели не укажуваат на тоа дека Трамп би можел да биде отповикан, Лихман вели дека тоа е „неговата нова прогноза".
„Мислам дека е можно Трамп да биде отповикан или самиот да поднесе оставка на прв знак на незадоволство, за тоа постојат добри шанси. Не сум сигурен дека токму тој сака одговорност на претседател. Освен тоа, целиот живот играл брзо, кршел закони, па тоа би можело да се преслика на неговиот претседателски мандат. Исто така, тој постави сериозна можност за судир на интереси помеѓу американската национална безбедност и неговиот приватен бизнис, кој сега е во рацете на неговите деца", рече Лихтман, додаваји дека отповикувањето на Трамп го „предвидува неговиот инстинкт".
Потсетувајќи дека Републиканската апртија, чиј кандидат е Трамп, има поголемо мнозинство во Белата куќа и во Сенатот, Лихтман вели дека на таа политичка партија „ и одговара кандидат кој може да се контролира".
„На крајот, самите републиканси повеќе го преферираат предвидливиот, конзервативниот потпретседател Мајк Пенс, отколку Трамп кој потполно е непредвидлив", заклучи Лихтман.
На Лихтман, кој е автор на девет книги и овеќе стотици академски статии, Американскиот универзитет во 2011 година му ја додели титулата на Уважен професор на историјата.