Alma Çekovic
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Републиканскиот кандидат за номинација во трката за Белата куќа Доналд Трамп три пати повеќе го плаќаше машкиот персонал во неговата предизборна кампања, во однос на жените, додека кандидатката за претседателската номинација на демократите Хилари Клинтон, персоналот за својата претседателска кампања го плаќала подеднакво, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот кој го објави американскиот дневен лист "The Boston Globe", се наведува дека персоналот ангажиран за кампањата на Трамп е помалку различен во однос на персоналот на Хилари Клинтон.
Само девет отсто од неговиот персонал е од немнозинските заедници во споредба со речиси третина персонал кои го сочинуваат претставниците на малцинствата во кампањата на демократите.
Анализата е спроведена на основа на платниот список на персоналот на двете кампањи за април, последен месец со јавно достапни податоци.
Жените кои работат за Трамп и кои сочинувааат 28 отсто од вработените во неговата кампања во април заработувале околу 4.500 долари. Мажите, во истиот месец се платени 6.100 долари, што е за 35 отсто повеќе.
Истовремено, жените во кампањата на Хилари Клинтон кои сочинуваат 53 отсто од вработените, заработија просечни 3.710 долари, додека мажите заработувале просечно 3.760 долари, што е значително помалку во однос на заработката на персоналот на Трамп.
Во извештајот се наведува дека Клинтон во текот на предизборната кампања во април имаше значително поголем персонал- најмалку 670 работници за кои мораше да издвојува околу 2,5 милиони долари. За Трамп во тој период во кампањата работеле 113 луѓе, кои се платени вкупно 635.000 долари.
"Globe" наведува дека кампањата на Трамп е далеку помала од кампањата на Хилари Клинтон. Тоа му овозможува да биде пофлексибилен кога е во прашање донесувањето на одлуките за кампањата, но истовремено го става во неповолна положба во клучните држави.