Rabia İclal Turan
18 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
Турција ја осудија одлуката на Европскиот суд за правда, со која им се дозволи на компаниите во земјите членки на Европската унија (ЕУ) да им забранат на вработените да носат хиџаб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Турција преку писмено соопштение нагласи дека оваа одлука на Европскиот суд за правда ја прекршува слободата на религија.
„Ја осудуваме оваа одлука која е законски и свесно погрешна, и опасна поради исламофобијата што ќе ја поттикне“, се наведува во ова соопштение.
Исто така, во соопштението се наведува дека одлуката на овој суд е уште еден пример за обид да им се даде институционален и правен карактер на исламофобијата и нетолеранцијата кон муслиманите во Европа.
Инаку, Европскиот суд за правда во четвртокот донесе одлука во врска со тужбите на две муслимански жени во Германија, кои биле отпуштени од работа поради носење хиџаб.
Судот донесе одлука дека компаниите во земјите членки на ЕУ може да им забранат на вработените да носат хиџаб доколку им е потребно да претстават неутрален имиџ пред клиентите.