Besar Ademi
10 Февруари 2017•Ажурирај: 10 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, ги заврши средбите со лидерите на шесте политички партии во Македонија, кои на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември минатата година освоија мандати во Собранието, во обид да се разгледаат можностите за формирање на Влада по овие избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Последната средба на еврокомесарот Хан вечерва се оствари со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а утре во утринските часови се очекува да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.
Вечерашните средби со политичките лидери еврокомесарот Хан ги започна со претседателот на движењето БЕСА, Билал Касами, а после тоаа средба, се состана со претседателот на ДР-ДПА Зиадин Села и претседателот во заминување на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи.
Комесарот Хан, по средбата со лидерот на ДПА, исто така, се состана со лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, сметајќи го комесарот Хан како личност кој е многу заинтересирана да и помогне на Македонија во остварување на своите стратешки цели, изјави дека на земјата и е потребно решение што ќе донесе стабилност, кое го зајакнува мирот и меѓуетничките односи, и решение кое нуди безбедни гаранции дека во земјата ќе има значителни реформи, каде ќе функционира владеењето на правото.
Во врска со разговорите со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за формирање на новата влада, Ахмети рече дека очекува писмена понуда, каде што ќе свика седница на водството и ќе ја донесат вистинската одлука, за која, според него, не треба да се брза, поради нејзиното значење за земјата.
„Дали е поважно да се донесе вистинската одлука или забрзана одлука и да направиме несреќа? Во Белгија консултациите за формирање на влада траеа две години. Ние не сме Белгија и јас не велам оваа состојба да трае две години. Ова не е ситуација без решение, но решението мора да биде исправно и вистинско", рече Ахмети.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, истакнувајќи дека од Ахмети се бараат детали од програмата на политичката партија која ја води, за што рече дека писмено ќе биде доставено до лидерот на ДУИ, Ахмети, со цел да успее да формира нова Влада.
„Ние и понатаму се надеваме дека мора да се направи се и Ве уверувам дека коалицијата на СДСМ прави се што побрзи да го заврши процесот на собирање на потписи за да може да продолжи со преговорите за формирање на Владата на Република Македонија", рече Заев.
Во врска со заедничка платформа на албанските политички партии во Македонија, тој повтори дека неговата партија ќе излезе со став откако ќе го доби мандатот за формирање на новата влада. Тој додаде дека не се обидува да избега од платформата и дека имаат позитивен аспект кон тоа, бидејќи, како што рече, тоа е предизвик за нешто што е пречка за дел дел од граѓаните во нивниот секојдневен живот.
Претходно, по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Балканот што се одржа во Скопје, комесарот Хан изјави дека е важно новата влада на Македонија да се формира врз солидна и широка основа, која ќе ги следи европските перспективи. Тој истакна дека во Скопје дошол да ги слушне лидерите на политичките партии во Македонија и дека нема да даде какви било предлози.