Furkan Naci Top
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
АТИНА (АА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе се состaне со лидерите на политичките партии за да побара поддршка за промена на изборниот систем за да го отвори патот претседателот да биде избран од страна на народот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинска агенција Атина, Ципрас прво се состанал со лидерот на партијата АНЕЛ, Панос Каменос, кој е исто така партнер во сегашната влада.
По средбата во изјавата за медиумите Каменос изјави дека ќе се направи заеднички предлог за другите партии. Во пакетот на предлози ќе се бара намалување на старосната граница за гласање на 17 години и за остварување на правото на глас за грчките граѓани кои живеат во странство.
Каменос потенцирајќи дека ќе бидат предложени некои уставни промени, рече дека во овој контекст ќе бараат и да се подготви предлог кој предвидува избор на претседател од страна на народот.
Каменос во своето обраќање истакна дека изборниот праг од 3 отсто, нема да се промени, а во врска со обезбедувањето на 50 места во парламентот за прв партија се очекува да има предлог за намалување на бројот.