Asiye Latife Yılmaz
15 Мај 2025•Ажурирај: 16 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и делегациите од Соединетите Американски Држави (САД), Русија и Украина ќе бидат во Истанбул в петок, соопштија денес извори од турското Министерство за надворешни работи, објави Анадолу.
Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека средбата меѓу Фидан и руската делегација се одржа денес во палатата Долмабахче во Истанбул.
Турскиот министер за надворешни работи ќе им биде домаќин на американската делегација, предводена од државниот секретар Марко Рубио, на украинската делегација, предводена од министерот за одбрана Рустем Умеров и на руската делегација, предводена од претседателскиот советник Владимир Медински.
Форматот сè уште не е утврден.