Vesna Besiç
17 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ПОДГОРИЦА (AA) - Членовите и симпатизерите на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора (ДПС) се собраа вечерва во седиштето на оваа партија за да го прослават успехот на денешните парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).
Знамиња, песна и доброто расположение беа вовед во победничкиот говор на Мило Ѓукановиќ кој е пречекан со голем аплауз. Собраните носеа и фотографија на Мило Ѓукановиќ.
Во обраќањето на присутните Ѓукановиќ порача дека ДПС повторно победи освојуваќи повеќе од 150 илјади гласови. Ова е, нагласи тој, голем демократски триумф.
„Тоа дека дупло повеќе од нашиот прв следен конкурент кој освои 18 мандати", истакна Ѓукановиќ.
Потсети и на оспорувањата на некои политички партии, мислејќи првенствено на коалицијата Клуч, кои се обидоа да ја оспорат победата на ДПС.
Нагласи дека во текот на кампањата кажаа дека ја бранат Црна Гора.
„Сакам со сите вас да го поделам задоволството што ја одбранивме Црна Гора. Како што видовме не беше едноставно, голема сила се впрегнала против мала Црна Гора на овие избори но благодарејќи и на Вашата поддршка ние успеавме. Вечерва можеме да кажеме дека Црна Гора продолжува по патот на сигурна европска иднина, дека во наредните само неколку месеци ќе го ратификуваме пристапниот протокол на Црна Гора во НАТО", порача Ѓукановиќ.
Истакна дека во текот на следниот мандат ќе ги интензивира преговорите со ЕУ и до крај на тој мандат ќе ги заврши преговорите, ќе покаже подготвеност да биде членка наа ЕУ и дека на економски план ќе продолжи да работи на веќе започнатите крупни развојни проекти и ќе започнат со нови.
„Сакам да ве известам дека веднаш по официјалното прогласување на резултатите од изборите одговорно ќе пристапам во разговори со потенцијалните партнери", појасни Ѓукановиќ.
На граѓаните им поача дека тие и помогнале на Црна Гора да го одбрани своето национално достоинство, да ја одбрани честа на сите нивни предци и потврдија дека е вечна Црна Гора.
Врз основа на 100 отсто обработени гласови Демократската партија на социјалистите (ДПС) на парламентарните избори освои 41,1 отсто гласови, односно 35 мандати, следува Демократски фронт со вкупно 18.
Коалицијата Клуч со 10,7 отсто гласови освои девет мандати, Демократите 10,5 отсто или девет мандати, потоа следува СДП со 5,4 отсто гласови или четири мандати.
На парламентарните избори Бошњачка странка (БС) освои 3,3 отсто гласови или два мандата, СД 3,2 отсто или два мандати, ХГИ 0,5 отсто или еден мандат и Албанци Одлучно освоија 0,9 отсто иили исто така, еден мандат.