Islam Uddin
13 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
ТОКИО (АА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида ја реконструираше Владата и назначи нови министри за одбрана и за надворешни работи, јавува Анадолу.
Кишида именуваше пет жени министри во неговиот кабинет, објави токиската агенција „Кјодо њуз“.
Поранешната министерка за правда Јоко Камикава беше именувана за нова министерка за надворешни работи, додека Минору Кихара, кој беше специјален советник на поранешниот премиер Јошихиде Суга, беше именуван за министер за одбрана.
Од 19 министри, премиерот назначи 11 нови, додека министерот за финансии Шуничи Сузуки, главниот секретар на Кабинетот Хироказу Мацуно и министерот за индустрија Јасутоши Нишимура ги задржаа своите позиции.
Во август минатата година, Кишида, исто така, го реконструираше својот кабинет по падот на популарноста на Владата во анкетите.