Rabia İclal Turan
13 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Меккарти, повика на истрага на претседателот Џо Бајден за злоупотреба на власта, известува Анадолу.
„Денес ги повикав нашите домашни одбори да отворат официјална истрага за импичмент на претседателот Џо Бајден“, изјави Меккарти.
Тој наведе дека истрагата за наводната вмешаност во корупциски активности на претседателот на САД и неговиот син, Хантер Бајден, ја диктира потребата да се започне постапка за импичмент на шефот на државата.
„Конечно, и покрај сериозното обвинување, се чини дека на семејството на претседателот му е понуден посебен третман од страна на администрацијата на Бајден“, рече Меккарти и додаде: „Третман што инаку не би го добиле доколку не би биле поврзани со претседателот“.
Тој наведе дека овој „логичен следен чекор“ има за цел да ги собере сите факти и одговори за американската јавност.
„Не ја донесов оваа одлука лесно, и без разлика која е вашата партија, или за кого гласавте, овие факти треба да ги засега сите Американци“, рече Мекарти.
„Американскиот народ заслужува да знае дека јавните служби не се на продажба“, додаде Меккарти.