Enes Canlı
14 Октомври 2019•Ажурирај: 15 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Откако на 9 октомври е покрената операцијата „Извор на мирот" чија цел е придонес за воспоставување на мирот и стабилноста на северот на Сирија, како и уништување на терористичкиот коридор, кој терористите на ЈПГ/ПКК настојуваат да го формираат јужно од границата со Турција, на интернет и во некои медиуми се шират разни лаги во врска со операцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој пат американскиот канал „ABC" снимката која настанала за време на презентацијата на оружје ја објави како да е снимена во текот на операцијата „Извор на мирот".
Како што напредува операцијата „Извор на мирот" така на социјалните мрежи и во медиумите се пласираат фотографии и видеоснимки, настанати во некои потполно поинакви ситуации, со цел ширење дезинформации и манипулирање со јавноста.
Каналот „ABC" снимката на која се гледа силна експлозија, настана во текот на претставување на оружјето, ја пласираше како да се работи за видеозапис кој е снимен во текот на турската операција на северот на Сирија.
На инфобарот со видеозаписот се најде и пораката „Масакр во Сирија".
Коментаторот во таа прилика рече: „На видеоснимката се гледа како турската војска бомбардира курдски цивили во пограничното место во Сирија. Доаѓаат вести како војниците кои ги поддржува Турција вршат страшно насилство над Курдите, американските сојузници, кои војуваат против ДЕАШ".
Меѓутоа, видеоснимката користена на тој амерински канал настанала во 2017 година во САД, за време на презентација на оружје.
Исто така, каналот „ABC" пред да го искористи видеозаписот, со монтажа ги отстрани луѓето од снимка кои со мобилни телефони го снимиле моментот на експлозијата.