Zeynep Tüfekçi
18 Октомври 2017•Ажурирај: 19 Октомври 2017
ТУНИС (АА) - Координаторот на Европската Унија (ЕУ) за борба против тероризмот, Жил де Керчов, истакна дека во европските земји се вратиле 1.500 лица кои се бореле во редовите на терористичката организација ДЕАШ во Сирија и во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Керчов, кој го посети Тунис, во рамките на неговите официјални средби се состана со министрите за внатрешни работи, одбрана и за правда на Тунис, при што се разговарало околу прашањето за зајакнување на безбедносната соработка во врска со борбата против тероризмот.
„Според податоците на ЕУ, во европските земји се вратиле 1.500 лица кои се бореле во редовите на ДЕАШ во Сирија и во Ирак“, истакна Керчов на прес-конференцијата одржана по состанокот во седиштето на ЕУ во главниот град на земјата, Тунис.
„Со цел да се надминат проблемите кои се зголемуваат поради враќањето на европските борци поврзани со ДЕАШ, Европа треба да ги заштити своите граници и да ги преземе потребните мерки“, нагласи Керчов, истакнувајќки дека односите меѓу ЕУ и Тунис се цврсти, и оти е потребна цврста соработка поради проблемите како екстремизмот и шверцот.