Ekipa
18 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
НИНИВА (АА) - Најмалку девет лица загинаа во оружените судири што рано утринава се случија меѓу курдските сили пешмерги и проирачките сили во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружените ирачки оружени сили во текот на изминатите два дена ја презедоа контролата врз Киркук, кој е богат со нафта, и тргнаа кон северозападниот дел. По преземањето на контролата над најголемото нафтено поле Баи Хасан, проирачките сили пристигнаа до границата на областа Мосул.
Курдските сили пешмерги се повлекоа и го предадоа Киркук на проирачките сили, а судирот се случи рано изутрина, кога провладината група Хашд ал Шаби се упати кон браната во Мосул.
Полицискиот комесар Али Акбар Хафаџи за АА изјави дека судирите запреле, а курдските и проирачките сили останале на своите позиции.
Безбедносната криза во северен Ирак ескалираше поради нелегитимниот референдум за независност, кој беше спроведен од страна на Регионалната курдска управа, на 25 септември.