Ali H. M.Abo Rezeg
28 Септември 2017•Ажурирај: 29 Септември 2017
ДОХА (АА) - „Qatar Airways“ (Катар ервејс) објави дека од петок ќе ги прекине сите летови кон Ербил и Сулејманија, во курдскиот регион во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено денес, катарскиот национален авиопревозник наведува дека одлуката е донесена во согласност со барањето на Управата за цивилно воздухопловство на Ирак.
Одлуката на „Qatar Airway“ доаѓа ден откако националните превозници од Египет, Либан и Јордан ги објавија плановите за стопирање на летовите кон и од курдскиот регион во северениот дел на Ирак.
Овие потези следеа по порастот на тензиите меѓу централната власт во Багдад и Регионалната курдска управа, која, и покрај бројните предупредувања, на 25-ти септември одржа нелегитимен референдум за независност.
Голем дел од меѓународната заедница се спротивстави на нелегитимниот референдум, а многу земји предупредија дека гласањето може дополнително да го дестабилизира регионот и да ја ослабне борбата против ДЕАШ, којашто е во тек.