Michael Hernandez
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Обединетите Арамски Емирати (ОАЕ) стојат зад хакирањето на социјалните мрежи и медиумите на катарската Влада, што резултираше со објава на лажни цитати поврзани со катарскиот емир, а тоа предизвика заливска дипломатска криза и изолација на Катар, објави „Washington Post“ цитирајќи ги американските разузнавачки извори, пренесува Anadoli Agency (AA).
Кризата во Заливот ескалираше на 5. јули, кога Саудиска Арабија, Бахреин, Египет и ОАЕ ги прекинаа односите и го блокираа Катар поради обвиненијата за наводна поддршка на тероризмот, што властите од Доха го негираат.
„Washington Post“ наведува дека катарскиот емир, шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, лажно е цитиран како го фали Хамас и зборува дека Иран е исламска сила.
Катарските медиуми се хакирани на 24 мај, а „Washington Post“ пишува дека американските разузнавачки функционери минатата недела дознале оти високи функционери во Владата на ОАЕ ден претходно дискутирале за планираното хакирање.
Потоа, неколку арапски земји предводени од Саудиска Арабија ја забранија работата на катарските медиуми, пред конечно да бидат прекинати дипломатските односи со Доха.
Абу Даби ги отфрли тврдењата, а нивниот амбасадор во Вашингтон ги нарече лажни последните медиумски наводи.
„ОАЕ немаа никаква улога во наводното хакирање за коешто се зборува во написот“, се наведува во соопштението.
Во решавањето на спорот меѓу заливските земји учествува и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кој минатата седмица престојуваше во Саудиска Арабија. Тој во таа ја пригода ја нагласи потребата за компромис и рече дека оваа криза би можела да ги дестабилизира напорите во борбата против терористичката организација ДЕАШ.