Servet Günerigök
05 Јануари 2023•Ажурирај: 08 Јануари 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот гигант за е-трговија „Амазон“ планира да отпушти над 18.000 вработени, соопшти извршниот директор Енди Џеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Од намалувањата што компанијата ги направи во ноември и оние што ги споделуваме денеска, планираме да отпуштиме нешто повеќе од 18.000 лица“, истакна Џеси.
„Погодени се неколку тима; сепак, поголемиот дел од укинатите места се во нашите продавници „Амазон“ и PXT-организации [Луѓе, искуство и технологија]“, рече тој.
„Работиме на поддршката на оние кои се засегнати од отпуштањата и обезбедуваме пакети кои вклучуваат исплата поради заминување, транзициски бенефиции за здравствено осигурување и надворешна поддршка за вработување“, додаде Џеси.
Претходно, цитирајќи лица запознаени со ова прашање, „Волстрит џурнал“ (The Wall Street Journal) објави дека над 17.000 работни места ќе бидат укинати. „Отпуштањата се фокусирани во корпоративните редови на компанијата“, се нагласува.
Во ноември, компанијата со седиште во Сиетл најави дека започнува со отпуштања меѓу својата корпоративна работна сила. Кратењата беа концентрирани на нејзиниот бизнис со уреди, регрутирање и малопродажни операции.
Според „Волстрит џурнал“, заклучно со септември, во компанијата работеле 1,5 милиони луѓе, од кои голем процент работеле во нејзините магацини.