İdris Okuducu
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
БАГДАД (АА) - Портпаролот на Командата за заеднички операции на Ирак, генерал-мајор Јахја Ресул, истакна дека американските војници што ќе се повлечат од Сирија ќе се вратат во САД поминувајќи преку териториите на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Американските војници што ќе се повлечат од Сирија ќе поминат во Ербил, а не во регионите под контрола на централната Влада на Ирак. Потоа можеби од Ербил ќе се вратат во САД или во други места“, истакна Ресул во изјава за ирачките медиуми.
Ресул нагласи дека тоа што американските војници ќе се повлечат од Сирија преку Ербил не се смета како прекршување на сувереноста на Ирак и дека овие војници нема да се позиционираат постојано во Ирак.
Досега администрацијата на Вашингтон најави некоја мапа на патот во врска со тоа како американските војници ќе се повлечат од Сирија.
- Воздушната база „Харир“ во Ербил
Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, на 19 декември минатата година соопшти дека ќе ги повлече американските војници од Сирија, во воздушата база „Харири“ во Ербил, за кој се вели дека е можна рута за повлекување на американските војници, почна да се реализира интензивен воздушен сообраќај.
Американските сили една година по појавувањето на терористичката организација ДЕАШ во 2014 година ја презедоа целосната контрола на воздушната база „Харир“ и почнаа да се позиционираат тука.
„Харир“ се смета за исклучително безбедна база за САД поради тоа што е под покривот на Пешмерга, и поради тоа што се наоѓа во еден регион каде што заканата на ДЕАШ е многу помала во споредба со други региони во Ирак.
Покрај тоа што е безбедна, базата „Харир“ се наоѓа на 227 километри од граничниот премин „Пешхабур“, кој ги поврзува северниот дел на Сирија и Регионалната курдска управа во Ирак, и е најблиската воена база на САД во северниот дел на Ирак, до границата на Сирија.