Burak Dağ
15 Јануари 2021•Ажурирај: 16 Јануари 2021
АТИНА (АА) - Тринаесет припадници на терористичката организација ФЕТО поднеле барање за азил до грчките власти, откако побегнале на островот Родос, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тимовите на грчката крајбрежна стража и полицијата биле известени од страна на жителите на островот, откако сомнителен брод се приближил до плажата покрај западниот брег на островот, јавуваат грчките локални медиуми.
Властите истакнаа дека припадниците на ФЕТО, кои дошле од турската западна област Измир со глисер, се претставиле како „Ѓуленисти“ и побарале азил.
Грчките власти ќе ги истражат нивните барања.
Шест припадници на ФЕТО кои побегнаа на островот Крит на 10 јануари, побараа азил во Грција.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.