Emre Gürkan Abay
07 Февруари 2019•Ажурирај: 08 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, истакнувајќи дека можната воена интервенција врз Венецуела би била „најлошо сценарио“, рече дека таквата интервенција би предизвикала катастрофа, јавува Anadolu Agency (AA).
Рјабков на прес-конференција одржана во Москва истакна дека со загриженост го следат овој процес што се случува во Венецуела.
„Забележуваме дека земјите од регионот ги зголемуваат своите контакти со земјите кои сакаат да имаат влијание во Венеуцела и во околните земји“, нагласи Рјабков, укажувајќи на зголемените активности на соседните земји со Венецуела.
Рјабков, укажувајќи на можна воена интервенција врз Венецуела, додаде:
„Тоа би било најлошо сценарио и тешко е да се стави крај на последиците. Крвта што ќе се пролева и настаните што ќе се случуваат, ќе преминат и во другите земји околу Венецуела. Таква интервенција би предизвикала катастрофа.“
Рјабков истакна дека Русија ќе ги преземе потребните безбедносни мерки откако САД го напуштија Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF).
„Но нашата врата е отворена доколку САД сакаат повторно да преговораат за Договорот. Ако нашите американски партнери ни понудат нов соодветен договор, подготвени сме да го резгледаме тоа. Но сѐ уште не добивме понуда во оваа насока“, рече Рјабков.