Enes Kaplan
11 Јуни 2017•Ажурирај: 12 Јуни 2017
АНКАРА (AA) – Меѓународната организација на трудот (ILO) ги повика сите слоеви на општеството да ги обединат силите и да го завршат искористувањето на децата за работа на подрачја погодени од судири и природни непогоди, јавува Anadolu Agency (AA).
ILO даде соопштение по повод 12. јуни, Светскиот ден на борбата против детска работа.
Се наведува дека значителен дел од тие 168 милиони деца колку што се присилени на работа, живеат на подрачјата погодени со судири и елементарни непогоди.
Се додава дека училиштата се уништуваат во елементарни непогоди и судири, како и дека децата се лишени од основните права, поради што малолетниците се присилени да станат белгаци и да работат.
Потсетија дека детскиот труд е спротивен со меѓународните права и спогодби и дека е погрешно децата да работат за да се прехранат себе си или своето семејство. Освен тоа, од ILO го сметаат како неопходно сите деца во секоја ситуација и окружување да бидат заштитени.
Сметаат дека е можно да се постигне целта, ниту едно дете да не биде присилено на работа, без оглед колку условите биле неповолни.
Во соопштението се наведува дека ILO им помага на оние кои пружаат поддршка на лицата погодени со детска работа и дека во многу земји децата присилени на работа ги насочиле кон образование.
ILO првин посебно се фокусира на деца кои имаат врска со вооружени сили и групи, а потоа во подрачјата по судирите развива посебни средства за спречување на детска работа.
Организацијата за државни службеници, вработувачи, претставниците на работничкиот сектор, вработените во невладините организации организира едукативни програми, како да се носат со проблемот на детската работа и кризни и чувствителни ситуации.
„Владата, вработените, синдикатите и вработените во хуманитарниот сектор имаат важна улога која треба да ја исполнат кога станува збор за детската работа во текот на судирите и природните непогоди. Денот на борбата против детскиот труд е можност да го кренете гласот против детската работа", се наведува во соопштението.