свет

Украина: Започна примената на безвизен режим

„Денес секој Украинец може да испие фантастично кафе во Братислава. Со евтина авионска карта може да патува во Варшава или може да ја посети Виенската опера”, изјави Порошенко

Ali Cura  | 11.06.2017 - Обновена : 12.06.2017
Украина: Започна примената на безвизен режим

Zakarpats ka Oblast

УЈГОРОД (АА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко, симболично ги отвори „вратите” на ЕУ на украинско-словачката граница по почетокот на примена на безвизен режим за државјаните на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

На Церемонијата на граничниот премин Ујгород во областа Закарпатја присуствуваше и претседателот на Словачка, Андреј Киска.

Порошенко ги отклучи вратите кон ЕУ во облик на украински пасош, а потоа помина низ вратата од чија страна беше пречекан од Киска.

Украинскиот претседател изјави дека отстранувањето на „завесата ” која ги разделува Европа и Украина е историски момент.

Тој додаде дека сите државјани на Украина ќе можат да го користат правото на патување без визи во ЕУ и дека со тоа е зголемена вредноста на пасошите на Украина.

„Денес секој Украинец може да испие фантастично кафе во Братислава. Со евтина авионска карта може да патува во Варшава или може да ја посети Виенската опера”, изјави Порошенко.

Со договорот постигнат минатиот месец, државјаните на Украина со биометриски пасош ќе можат без виза да патуваат во земјите на Шенген.

Сите државјани на Украина ќе бидат ослободени од визите кога станува збор за туристичка, деловна или приватна посета, а во земјите потписнички на Шенген ќе можат да останат 90 дена.

Од друга страна, оваа можност не се однесува на можноста на работата во земјите на ЕУ и не ја опфаќа Велика Британија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.