Abdullah Aşıran
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
ЛAЈДЕН (АА) - Претседателот на Центарот за заштита и истражување на Палестина (Docp) Соња Зимерман, во врска со настаните во Ерусалим, порача дека израелските насилството нема да запре се додека меѓународната заедница не рече „доста", јавува Anadolu Agency (AA).
Зимерман, која е на чело на центарот со седиште во Холандија, во интервју за АА се осврна на последните случувања во Ерусалим и интервенцијата од страна на израелската полиција во комплексот на Ал-Акса.
Таа истакна дека и било многу жал за затворање на Ал-Акса и следејќи ги настаните рече: „Израел со години воведува ограничувања и забрани околу џамијата Ал-Акса. Со години исто така става свои војници околу џамијата Ал-Акса, со што сака да покаже дека Израел ја има власта и дека поминува неговиот збор. Оваа земја со години на агресивен начин врши насилство врз палестинскиот народ". Таа истакна дека Израел се труди да го прошири своето присуство, односно продолжува да се движи да се воспостави хегемонија на палестинската територија.
„Израел со блокирање на џамијата Ал-Акса копањето под неа и нелегалната изградба на станбени населби ги протерува Палестинците и на тој начин ги постигнува своите цели. Сите овие активности на Израел претставуваат поагресивна окупација", рече Зимерман.
Истакна дека меѓународните организации како Обединетите нации не направиле доволно да се запре Израел, и додаде:
„ОН усвојува одлука на одлука за решение против Израел, но Израел не ги прифаќа и ОН ги обвинува за антисемитизам. Ако членките на ОН не ја поддржат оваа одлука и не се борат, се што ОН може да направи е да испрати хуманитарна помош. Се додека меѓународната заедница не каже "доста", израелското насилство нема да заврши."
Таа истакна дека Центарот се обидува да изврши притисок за бојкот на израелските компании и да воведат санкции на оваа земја. Како што истакна, целта е што повеќе луѓе да бидат свесни за фактот дека сето ова е она што се случува е погрешно и дека се повредуваат правата на палестинскиот народ.
„Ако молчиме за насилството што е направено, ние го гледаме исчезнувањето на една нација. За да ја исправиме оваа неправда, ние мора да се бориме поединечно, во групи и на ниво на влада", рече претседателката на Центарот за заштита и истражување на Палестина Соња Зимерман.