Ekip
29 Јули 2017•Ажурирај: 30 Јули 2017
БЕРЛИН (АА) - Германски официјален претставник изјави дека човекот, кој во петокот уби еден, а повредени неколку други лица во Хамбург, на властите е познат како радикализирана и ментално нестабилна личност, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничениот, 26-годишен маж роден во Обединетите Арапски Емирати, беше брзо совладан од страна на случајни минувачи, а потоа уапсен по нападот во хамбуршката област Бармбек.
Енди Гроте, министерот за внатрешни работи на покраината Хамбург рече, човекот чие барање за азил е одбиено беше познат како радикализирана личност но се сметаше дека не е опасен.
Гроте додаде дека мотивот на напаѓачот е се уште нејасен, но се верува дека дејствувал сам и дека не е поврзан со екстремистички мрежи.
Напаѓачот со нож избоде најмалку пет лица, а усмрти едно лице. Гроте рече дека никој од повредените лице не е во животна опасност.