Gizem Nisa Çebi Demir
02 Март 2026•Ажурирај: 02 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Експлозии одекнаа во текот на ноќта во главниот ирански град Техеран, како и во градот Караџ, објавија иранските медиуми рано утринава, јавува Анадолу.
Новинската агенција Тасним соопшти дека воздушните напади биле насочени кон Ифхасан, Јазд и Кузестан.
Во заедничката американско-израелска воена кампања, која започна во саботата, веќе се убиени неколку високи ирански официјални претставници, вклучително и врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи. Како одговор на тоа, Техеран изврши напади со беспилотни летала и ракети врз земјите од Заливот.
Според првичните извештаи, од почетокот на операциите убиени се тројца американски војници, а петмина се тешко повредени.