Ekipa
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
ДОХА (АА) - Министерот за надворешни работи на Катар, Шејх Мухамед бин Абдурахман ал Тани, изјави дека единствениот начин за решавање на кризата во Заливот е „преговарачка маса“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на КНА (QNA), официјалната новинска агенција на Катар, Тани во својот говор на Универзитетот „Џорџтаун“, во главниот град Доха, истакнал дека неправедно наметнатите блокади кон Катар претставуваат геополитичка точка на трансформација во регионот.
Ал Тани, истакнувајќи дека решавањето на кризата во Заливот поминува преку „преговарачка маса“, рече дека ги ценат вредните придонеси на општеството кои се издвојуваат со разновидноста и улогата што ја играат во развојот на земјата.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Египет на 5 јуни ги прекинаа сите дипломатски односи со Катар, а тоа предизвика криза во регионот на Заливот.