Dildar Baykan
03 Април 2019•Ажурирај: 04 Април 2019
ЊУЈОРК (АА) - На иницијатива на Република Турција, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ја усвои одлуката за борба против насилството и тероризмот кои се потпираат и ја злоупотребуваат религијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката ја предложи шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, а Генералното собрание едногласно го усвои тој акт.
Во одлуката најостро се осудува неодамнешниот терористички напад на двете џамии во Нов Зеланд, и се повикуваат сите членки на ОН заеднички да работат на спречување на таквите напади.
Чавушоглу по седницата на Генералното собрание се состана со високиот комесар на Сојузот на цивилизации на ОН, Мигел Моратинос, а на состанокот е нагласена неопходноста од глобалната борба против исламофобијата, ксенофобијата и реториката на омраза.
Шефот на турската дипломатија во Вашингтон ќе присуствува и на заседанието на Советот на министри на Северноатлантскиот сојуз (НАТО), кој ја одбележува јубилејната 70. годишнина од основањето.