Nilay Kar
31 Август 2019•Ажурирај: 01 Септември 2019
ГАЗА (АА) - Во интервенцијата на израелските војници за време на мирните протести „Марш за големото враќање“, што Палестинците ги организираат по должината на границата со Газа, ранети се најмалку 75 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Од палестинското Министерство за здравство се соопштува дека 42 од повредените биле погодени од огнено оружје од страна на израелските трупи, а 18 од нив биле жени и деца.
Во соопштението не се дадени детали за нивната состојба.
Израелските војници, исто така, имале како цел и две амбулантни возила кои пристигнале за да им пружат помош на повредените.
Претходно, израелските војници со гумени куршуми го ранија во главата фоторепортерот на Anadolu Agency (AA), Али Џадалах.
Тој добил прва помош на местото на настанот, а неговата состојба е добра.
Од почетокот на протестите во Газа, во март минатата година, речиси 270 демонстранти се убиени и илјадници повредени од израелските трупи распоредени во близина на тампон-зоната.