Ahmet Gürhan Kartal
21 Април 2021•Ажурирај: 26 Април 2021
ЛОНДОН
Новиот турски Аеродром „Истанбул“ може да стане најфреквентниот центар во Европа, оставајќи го зад себе Аеродромот „Хитроу“ во Лондон, откако авионскиот сектор ќе излезе од кризата на Ковид-19, според проценките на аналитичар за авијација Раиф Анкер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нагласувајќи дека западноевропските аеродроми ќе заостануваат зад новиот Аеродром „Истанбул“ во бројот на патници, Анкер рече дека новиот мегааеродром ќе стане најфреквентниот центар во Европа.
„Додека аеродромите како „Хитроу“, кои претежно се потпираат на меѓународниот сообраќај, ќе закрепнат до моментот кога ќе се направи новиот мегааеродром „Истанбул“, тој веројатно ќе се етаблира како најфреквентен аеродром во Европа”, изјави тој за „Индепендент“ (The Independent).
Во написот се вели дека Аеродромот „Истанбул“ се очекува да има можност за фреквентност од 200 милиони патници годишно во рок од неколку години.
„Аеродромот „Истанбул“ во Турција го задржа водството на европските сообраќајни листи со 604 лета на 14 април“, соопшти минатиот викенд Европската организација за безбедност на воздушната навигација (Еуроконтрол).
Според неговиот последен извештај за сообраќај на летови, по Аеродромот „Истанбул“ следуваат „Париз Шарл де Гол“ со 478 лета, „Франкфурт“ со 474 и „Амстердам“ со 451 лет.
Аеродромот „Мадрид Барахас“ беше петти со 414 дневни летови, по кој следуваа Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, исто така во Истанбул, со 345 лета.
Минатата година, Аеродромот „Истанбул“ се здоби со врвно глобално признание со тоа што беше именуван за аеродром со пет ѕвездички од страна на Агенцијата за рејтинг на воздушен транспорт со седиште во Лондон, „Скајтракс“.