Laith Joneidi,Zeynep Hilal Karyağdı
08 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
АМАН (АА) - Од Обединетите нации (ОН) е соопштено дека поголемиот дел од сириските бегалци кои се наоѓаа на границата со Јордан, се вратиле во своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Андерс Педерсен, резидентниот координатор на ОН за Јордан, и претставникот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за Јордан, Стефано Севере, одржаа конференција во Аман, на која рекоа дека од јорданската граница, неколку илјади бегалци се вратиле во своите домови.
Педерсен додаде дека во пограничното подрачје останале меѓу 150 и 200 бегалци, но и дека не знаат колку бегалци се наоѓаат на јужниот дел на Сирија.
Тој побара и да се олесни доставувањето помош на бегалците во Сирија.
Сириските режимски сили и сојузници од 10 јуни зазедоа одредени подрачја во Дера, кои беа под контрола на опозицијата, а на 20 јуни Русија започна воздушни напади.
Претставниците на Цивилната заштита на тоа подрачје соопштија дека поради нападите се раселени повеќе од 350.000 цивили.