Elena Teslova
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Претседателство, Дмитри Песков, вчера изјави дека Кремљ ќе ја разгледа пораката на венецуелскиот опозициски лидер кога таа ќе пристигне, но тоа не значи дека Русија ќе го признае него за претседател на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Досега, не добивме никаква порака. Доколку дојде и кога ќе дојде, ќе ја разгледаме. Но тој за нас не е шеф на државата, не го признаваме неговиот статус. Шефот на државата е [претседателот] г. Николас Мадуро, чија влада е наш партнер во Венецуела“, рече тој.
Претходно, опозицискиот лидер Хуан Гваидо изјави дека тој испратил пораки до руските и кинеските власти за да ги осигура дека во случај да се промени власта, Каракас ќе ги третира должничките обврски кон овие земји „одговорно“.
Во Венецуела се одржуваат протести од 10 јануари, откога Мадуро положи заклетва за својот втор мандат, по гласањето кое беше бојкотирано од опозицијата.
Тензиите се искачија кога Гваидо се самопрогласи за привремен претседател на 23 јануари.
Минатата недела, претседателот на Националното собрание, Хуан Гваидо, се самопрогласи за привремен претседател на државата, кого потоа го признаа и САД, Канада, Колумбија, Перу, Еквадор, Парагвај, Бразил, Чиле, Панама, Аргентина, Костарика и Гватемала.
Боливија и Мексико продолжуваат да го признаваат Мадуро.
Русија, Кина и Иран, како и Турција, исто така го поддржуваат Мадуро.