Muhammed Emin Canik
02 Февруари 2019•Ажурирај: 03 Февруари 2019
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Едно лице смртно настрада, додека најмалку 50 лица се повредени во пожарот кој избувна во еден хотел во аргентинскиот главен град Буенос Аирес, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради сѐ уште непознати причини избувна пожар во еден хотел кој се наоѓа близу обелискот „Obelisco“ во овој град.
Пожарот е изгаснат од страна на противпожарните служби.
Во пожарот животот го загуби една жена, додека 50 лица се повредени, меѓу кои и мали деца.
Четири од вкупните повредени лица кои биле пренесени во болница, се наоѓаат на интензивна нега.
Оскар Валкарсе, службеник во екипата за итна состојба, во изјава за тв-каналот TN истакна дека службата им понудила помош на 60 лица, од кои 52 лица биле пренесени во околните болници.