Niğmet Koşarhan
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
ЛИБИЈА (АА) - Воените сили поврзани со Владата на национално единство во Либија заедно со вооружените револуционерни сили во западниот дел на државата спроведоа операции под името „Ал-Бунјан Мерсус“ против терористичката организација ДАЕШ. Во спроведените операции беа земени под контрола повеќето области во градот Сирт, јавува Anadolu Agency (AA).
Набљудувачите, кои настаните ги следат одблиску, велат дека владините сили ги земале под контрола повеќето области во градот Сирт, и дека крајбрежниот град Сирт кој се наоѓа помеѓу Бенгази и главниот град на државата, Триполи – во северниот дел на државата, за неколку недели потполно ќе бидат исчистени од милитантите на ДАЕШ.
Со почнувањето на операцијата „Ал-Бунјан Мерсус“, веднаш по поразот на ДАЕШ во областите Седаде и Букарин, во околината на Сирт и во центарот на градот започнаа жестоки судири со милитантите.
Провладините сили преку Ез-Зафаран, западно од градот, го поминаа пристаништето на Сирт и пред два месеца го зедоа под контрола. Тоа е единствениот пат за излез, кој претходно беше под контрола на ДАЕШ. Исто така, тие го спасија единственото населено место во градот, кое е исчистено од ДАЕШ, населбата „700 куќи”, а вчера го зедоа под контрола Кусур ед-Дијафе.
Населбата Ед-Долар во Сирт, по 10-дневни судири беше исчистена од терористичката организација ДАЕШ.
- Сирт, за неколку недели би можел потполно да се преземе од ДАЕШ -
Терористичката организација ДАЕШ, за чие упориште во Сирт се сметаат населбите Каан, Агадугу, Втората населба и Ел-Имарат ел-Хиндије, обидувајќи се да се спротивстави во жестоките судири на тие места, освен трите населби во центарот на градот, под своја контрола ги држи и Првата и Втората населба.
Од друга страна, и воените извори предвидуваат дека владините сили кои во борбата против ДАЕШ се поддржани од страна на воздушните сили на САД, за неколку недели потполно ќе го исчистат Сирт од ДАЕШ и градот ќе го земат под контрола.